Шмајхел: Минавме долг пат, од Лига 2 до осумте најдобри во Европа

Лестер и понатаму е „хит“, овојпат во Европа. Англискиот првак успеа да ја елиминира Севилја со триумфот од 2-0 на домашен терен и се пласира меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите. Еден од хероите на „лисиците“ сигурно е Каспер Шмајхел, голманот кој го одбрани пеналот на Стивен Нзонзи во 80.минута од средбата. Ја сочува мрежата и го трасира патот на Лестер во четвртфиналето на ЛШ.

„Прекрасно чувство. Ова е неверојатен момент за клубот, како и за сите нас. Игравме против голем тим, Севилја е навистина многу силна, а ние успеавме да ја елиминираме. Честитки за момците, беа фантастични, посебно во вториот дел, кога интензитетот на играта беше на највисоко ниво. Блокираа многу шутеви. Мене ми е задачата да бранам, и успеав да го одбранам пеналот. Мислам дека тоа беше последниот обид на Севилја, потоа паднаа и психолошки. Знаете, емоциите се навистина силни. Минавме долг пат, од Лига 2 на Англија до осумте најдобри екипи во Европа. Сега воопшто не е важно кој ќе ни биде следен противник, сигурно ќе биде врвен европски клуб“, изјави Каспер Шмајхел по триумфот над Севилја. Тој успеа да одбрани пенал и на првиот меч против Севилја…

Се вчитува...