Шмид и Твиберг најдобри на паралелвелеслаломот на СП во алпско скијање

Германецот Александер Шмид е освојувач на златниот медал на паралел велеслаломската трка која денеска се возеше на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во француските Куршевел и Мерибел.

Шмид во финалето во машка конкуренција славеше над Австриецот Доминик Рашнер кој се закити со сребро. Бронзениот медал му припадна на Тимон Хауган од Норвешка кој во малото финале беше подобар од вториот Австриец Адријан Пертл.

Кај дамите до златниот медал стигна Норвежанката, Мари Тереза Твиберг која во финалето беше подобра од Швајцарката Венди Холденер. Во борбата за бронзата втората Норвежанка Теа Луис Стјернесунд беше подобра од домашната скијачка Мари Ламјур.

Утре на програмата на Светското првенство во Куршевел и Мерибел е женската велеслаломска трка.

Се вчитува...