Шмидхофер најбрза на вториот спуст во Лејк Луис

Австриската скијачка Никол Шмидхофер победи на втората спуст трка која викендов се вози во кандадскиот Лејк Луис.

Австријката до победата стигна со време од 1:49.92 минута. Второто место и припадна на неверојатната „кралица на алпското скијање“, Американката Микаела Шифрин, која покажа дека покрај во техничките дисциплини, знае да биде одлична и во брзите. Шифрин зад времето на победничката доцнеше само 13 стотинки. Третото место и припадна на Италијанката, Франческа Марсаља која заостануваше 43 стотинки зад времето на Шмидхофер.

Во генералниот пласман убедливо на врвот останува Шифрин, додека во спуст лидер е вчерашната победничка Ледецка од Чешка која денеска заврши како четврта.

Се вчитува...