Шок: Агуеро вмешан со нарко-картел од Аргентина

Аргентинската јавност е во шок откако името на Серхио Агуеро се појави во истрагата за криминална мрежа поврзана со трговија со наркотици и перење пари во оваа јужноамериканска држава.

Властите во Аргентина минатата седмица го уапсеал Пабло „Беботе“ Алварез, поранешниот водач на навивачката група на Индепендиенте, за кој се сомневаат дека е еден од челните луѓе на таа криминална организација.

Според аргентинскиот портал „Политико“, името на Агуеро се нашло на листата личности поврзани со компаниии кои биле користење за перење на парите стекнати од продажбата на наркотични средства.  Во центарот на вниманието се најде компанијата „KRU Tickets” основана токму од легендарниот голгетер, која е поврзана со продажба на влезници за е-спортски натпреварувања.

Се уште нема потврда дека славниот фудбалер бил свесен дека е во бизнис со лица поврзани со криминалната мрежа, истрагата продолжува и се очекува наскоро да биде утврдено дали можеби и тој ќе биде вклучен на листата осомничени.

Серхио Агуеро ја заврши професионалната кариера во 2021 година откако му беше утврден проблем во работата на срцето, поради што играњето фудбал стана опасно по неговиот живот.

Се вчитува...