Драмата во Лос Анџелес Лејкерс го достигна својот врв, откако Марк Волтерс одлучи да го препродаде клубот само една година откако го купи од семејството Бас. Тоа дефинитивно би можело да влијае на статусот и заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ.
Лејкерс добија нови мнозински сопственици, франшизата ја презедоа Боб Игер и Џош Кушнер, во договор вреден рекордни 12,5 милијарди долари.
Атмосферата беше дополнително потресена од одлуката на остатокот од семејството Бас да го продадат својот малцински удел, со што Џини Бас, долгогодишното лице, јавно не се согласи.
Како што објави Сем Квин од „Си-Би-Ес“, ова би можело директно да влијае на Дончиќ, кој промени дури пет сопственички структури за само три години.
Договорот на Словенецот со Лејкерс истекува во 2028 година, а Квин навестува дека Дончиќ би можел да размисли за враќање во својот прв НБА тим – Далас Маверикс.
„Лука станува слободен агент во 2028 година, што значи дека Лејкерси ќе му понудат продолжување на договорот во 2027 година. Ќе видиме што ќе направат. Далас е во многу подобра кошаркарска ситуација. Купер Флаг сам вреди повеќе од целиот тим на Лејкерси без Лука заедно. И оваа драма околу сопственоста воопшто не помага во случајот на Лејкерси“, рече Квин.
Со оглед на тоа што Ник Харисон и Џејсон Кид повеќе не се во Тексас, и дека Маверикс градат светла иднина на крилјата на младиот Купер Флаг, опцијата Дончиќ да се врати во тимот со кој играше во големото финале изгледа сè пореална ако Лејкерси брзо не ја стабилизираат администрацијата и не изградат шампионски тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
