Шок: Ѓоковиќ слета во Мелбурн, но не смее да влезе во Австралија

Продолжува целата сапуница околу учеството на Новак Ѓоковиќ на првиот гранд-слем во годината, Австралија опен. Откако вчера Србинот доби дозвола да отпатува во Австралија од федералните власти, денеска по неговото слетување во Мелбурн властите во државата Викторија не му дозволија да влезе во земјата.

Тој е на аеродром бидејќи барал „погрешна-виза“ па затоа нема дозвола да влезе во земјата. Федералните власти во Австралија барале од тие во државата Викторија да му одобрат влез, но тие го одбиле барањето.

 

Се вчитува...