Шок: Играч на Татабања обвинува за расизам во Охрид!

Татабања беше два пати надиграна од Охрид и трофејот во ЕХФ Европскиот куп заслужено заврши кај македонскиот тим, но од унгарскиот табор стигнуваат сериозни обвинувања – за расизам од охридската публика кон еден од ракометарите на противникот.

Станува збор за Баптист Дамартин, кој на десетина минути до крајот мораше да биде смируван од соиграчите, но и од официјалните лица во салата „Билјанини извори“, а поранешното крило на Нант обелодени дека бил жртва на расизам на мечот во Македонија.

„Најпрвин ми беше покажуван среден прст при секој напад, но не обрнував внимание бидејќи сум гледал такви ситуации и во минатото. Тогаш, понав да слушам мајмунски извици од луѓе кои со прстот покажуваа кон мене. Збеснав во истиот момент, реагирав, по што почнаа да ме плукаат од трибините, мене и моите соиграчи кои беа во шок. Најмногу ме разочара делегатот, кој како да не сакаше да знае што се случува. Само ми викаше да седнам и да бидам мирен, не ме ни праша зошто сум толку вознемирен“, изјави Баптист Дамартин.

Се уште е нејасно дали имало пријава од страна на Татабања за целиот случај, а обвинувањата дефинитивно се шокантни ако се земе во предвид беспрекорната атмосфера создадена од охриѓани од првиот до последниот момент во финалето.

Француските медиуми објавија и видео од инцидентот, давајќи му целосн поддршка на својот сонародник од редовите на Татабања.

 

Се вчитува...