Шок на Евробаскет: Кражба во хотелот на Литванците

Хотелот каде што претстојува репрезентација на Литванија во Тел Авив, вчера беше ограбен и е направена материјална штета на неколку кошаркари. Ова е прв инцидент од ваков вид на овој Евробаскет, за Литванија е непотребен шок пред денешниот натпревар против Германија.

Часовници, паричници, накит и други работи недостасуваат од собите каде претстојуваат Литванците, а најголема штета е направена на играчот на Хјустон рокетс, Донатас Мoтејунас, на кого му недостасуваат 6.000 евра.

Оваа информација утринава ја потврди познатиот кошаркарски новинар Дејвид Пик на својот Твитер профил. Од израелската полиција велат дека веќе започнала истрага за случајот.

Се вчитува...