Од самото доаѓање на Жељко Обрадовиќ за нов тренер на Панатинаикос се шпекулираше со бројни звучни имиња како потенцијални засилувања за ПАО, но никој не очекуваше првиот нов кошаркар под водство на српскиот стратег да дојде од лутиот ривал Олимпијакос.
„Зелените“ синоќа ја шокираа кошаркарската јавност со објавата дека е потпишан договор со Мустафа Фал, одличниот центар кој со години беше дел од ротацијата на Олимпијакос, но пред само неколку дена и официјално го раскина договорот со новиот европски првак.
Фал минатата сезона речиси и да не играше поради тешка повреда, но Обрадовиќ инсистираше на негово доведување во тимот за зголемување на конкуренцијата на центарската позиција, каде тој го има само Лесор.
Договорот е потпишан на три сезони (две плус една), а информациите од Грција говорат дека Фал нема да биде единствениот центар што Панатинаикос ќе го доведе летово, ако се знае дека Обрадовиќ го мерка Јусуф Нуркиќ како „трансфер од соништата“ за овој преоден рок.
Mustafa Fall is officially a Panathinaikos AKTOR player! The French center signed a 2+1 year contract with the “clover” and will strengthen the team’s front-line in its domestic and European obligations.
The management of the “greens” with lightning-fast moves completed the transfer of Mustafa Fal, who strengthens the “greens” in the “painting”.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
