Шок: САД одбива да издаде визи на фудбалери кои треба да играат на СП

Ирачката фудбалска репрезентација би можела да се соочи со огромен проблем пред да се упати на Светското првенство.

Имено, сега се појави информација дека Соединетите Американски Држави одбиле да издадат визи на одредени репрезентативци на Ирак.

Според извештаите кои сè уште чекаат официјална потврда, американските власти наводно ги одбиле барањата за виза на дури пет играчи на ирачката репрезентација.

На листата се Хајдер Абдул Карем, Моханад Али, Ибрахим Баеш, Али Ал-Хамади и Зеид Тахсин. 

Веста предизвика големо внимание кај ирачката јавност, особено поради фактот што Светското првенство се игра ова лето во САД, Канада и Мексико.

Според првичните информации, Ирачката фудбалска асоцијација веќе започнала итни разговори за да се обиде да ја реши ситуацијата.

Се вчитува...