Милан го заврши настапот во Лигата на Европа по поразот од Олимпијакос со 3-1 на дуелот во Атина, во последното коло од фазата од групната фаза. „Росонерите“ славеа на првиот меч со идентичен резултат и во вечерашниот дуел им беше доволен и пораз за пласман во следната фаза. Но, наместо тоа, се случи најцрното сценари. Олимпијакос победи со 3-1 и го продолжува настапот.
Резултатот го отвори Сисе во 60. минута. Десет минути потоа, автоголот на Запата им донесе предност на домаќините од 2-0.
Две минути подоцна Запата повторно ја смести топката во голот, но овој пат на вистинската страна намалувајќи на 2-1. Конечниот резултат го постави Фортунис од пенал во 81.минута, за комплетирање на „црното сценарио“ за повеќекратниот европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА