Хулијан Алварез е главна тема на фудбалската јавност утрово бидејќи се појавија информации дека наводно побарал трансфер од Атлетико Мадрид и се знае во кој клуб аргентинскиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата.
Алварез пристигна во Атлетико од Манчестер Сити пред две години за 75 милиони евра, што беше одличен потег бидејќи стана главен играч на тимот.
Аргентинецот има две одлични сезони во дресот на Атлетико, но навивачите на „јорганџиите“ се многу загрижени дека би можеле да останат без него ова лето.
Долго време се шпекулира дека Алварез е мета на многу европски клубови, а Барселона и ПСЖ се најзаинтересирани за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
