Шок во Буенос Аирес: Алкараз елиминиран во полуфиналето

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да има шанса да го одбрани трофејот во Буенос Аирес откако претрпе елиминација во полуфиналето од страна на чилеанскиот тенисер Николас Џери кој славеше со 2-0 (7-6 и 6-3).

Со тоа Џери му се одмазди на Алкараз за двата претрпени порази во Рим и на Вимблдон и закажа борба за титула против домашниот тенисер Факундо Дијаз Акоста.

Турнирот во Аргентина е деветти по ред по грен-слемот Вимблдон во кој нема да стигне до шампионската титула.

Се вчитува...