Шок во финалето на турскиот Куп: Фенербахче поразен од тотален аутсајдер!

Фудбалерите на Акхисарспор запишаа историја за својот клуб со освоениот прв трофеј во своето постоење! Во финалето од Купот на Турција славеа со 3-2 против големиот Фенербахче и на тој начин обезбедувајќи пласман и во Лигата на Европа следната сезона.

Тимот кој води голема битка за опстанок во Суперлигата, вечерва пружи одлична партија на крајот победувајќи го истанбулскиот гигант.

Акхисар дојде до предност со голот на Лопез во 32. минута, за да Фенербахче израмни во 56. минута. Но, Акхисар со головите на Сисоко и Барбоса дојде повторно до водство и од 3-1, што веќе го навести победникот. Фенер во 86. минута со голот на Соуса единствено го ублажи поразот.

Се вчитува...