Шок во Франција: Се повреди Мбапе!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се повреди на денешниот тренинг на француската репрезентација.

Францускиот фудбалски свет е во шок по вреста дека Мбапе заработил повреда за која дополнително ќе се знае од каков вид. Според првичните најави, можност е Мбапе да ги пропушти и првите двата напревари на Франција на Светското првенство.

Офанзивецот на ПСЖ се повреди при еден дуел на тренингот со Рами. Се работи за повреда на зглобот, и тоа на само два дена пред стартот на Мундијалот.

Од лекарскиот тим на француската селекција најавуваат подетални информации во текот на утрешниот ден. Претходно, како што е познато, се повреди и Жиру а проблеми со повреди има и Сидибе.

Се вчитува...