Шок во фудбалскиот свет: Се самоуби чешки репрезентативец

Чешкиот дефанзивец, фудбалер на турскиот Газијантеп, Франтишек Рајторал пронајден е мртов во својот дом во Турција. Полицијата потврди дека се работи за самоубиство.

„Сите бевме загрижени кога не се појави на тренинг… По информациите од полицијата може да потврдам, за жал, дека е точна веста за самоубиството на Рајторал. Шокирани сме затоа што не изгледаше дека има било какви проблеми. Навистина не можеме да претпоставиме што му се случило“ – истакна претседателот на Газијантеп, Ибрахим Кизил.

Поголемиот дел од својата кариера 31-годишниот Франтишек ја мина во Чешка, а пред да дојде во Турција одигра и една сезона во Хановер. За репрезентацијата на Чешка имаше 14 настапи.

„Никој не очекуваше вакво нешто. Сите сме во огромен шок… Беше фантастично момче, и ние во клубот само каков таков ќе го паметиме“ – вели и неговиот тренер Булент Ојгун.

Се вчитува...