Не играше речиси цела сезона, а сега Матијс де Лихт го пропушта и Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Со тоа Холандија ќе игра без стоперот на престојното Светско првенство.
Холанѓанецот беше опериран по шестмесечна повреда на грбот, за која првично се очекуваше да отсутвува една недела. Ја претрпе повредата на 30. ноември откако претходно беше во одлична форма.
Според официјалното соопштение, Де Лихт ќе треба да се врати во раната фаза од идната сезона 2026/27.
„По шест месеци лекување и напорна работа за закрепнување, операцијата беше единствената преостаната опција. Разочаран сум што не можев да му помогнам на тимот во текот на изминатата половина година и очигледно го пропуштам Светското првенство, но со нетрпение очекувам да направам сè што можам за да се вратам пред навивачите и повторно да се чувствувам подобро.“, рече Де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
