Шок во Каталонија: Времето на Лапорта истекува, изборите се неважечки?!

„Бурата“ од реакции во Каталонија не стивнува и по изборите, а денес од Барселона пристигнуваат нови шокантни информации за „каталонците“. Џерар Ромеро, почитуван и доверлив новинар, прв крена прашина на својот Твитер со информацијата дека Жоан Лапорта ги нема потребните 124 милиони евра, или 15% од вкупниот буџет на клубот, кој треба да го плати како депозит, со што се гарантира финансиски план и програма.

Набргу по Ромеро, се приклучија и другите медиуми како што се „Спорт“ и „Мундо Депортиво“, кои се во сопственост на групацијата „Годо“, еден од најголемите ривали на Лапорта од почетокот на 21 век. „Годо“ еднаш успеа да го собори Лапорта и претходните двајца претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу.

Споменатите медиуми тврдат дека планот на Лапорта не успеал и дека нема финансиска гаранција дека ќе му биде дозволено официјално да ја преземе функцијата според статутот на клубот, додека независни извори го уверуваат спротивното. Жоан има рок до среда, односно 10 дена од изборите, да уплати 124 милиони евра на сметката на клубот, па се очекува тоа да го стори час поскоро.

Доколку не го испочитува овој рок, медиумите тврдат дека е можно изборите да бидат поништени, односно дека ќе треба да се одржат нови. Ова е јасна порака до Лапорта дека го чека тешка работа и дека нема да има наклонетост од највлијателните медиуми во Каталонија.

Рокот истекува утре, па спортската јавност очекува Лапорта да го плати депозитот од 124 милиони евра.

Се вчитува...