Шок во Мелбурн – Крај на турнирот за Серена и Возниацки

Четвртиот натпреварувачки ден во Мелбурн ни донесе големи изненадувања во женска конкуренција. Дваесет и три кратната грен-слем шампионка, Серена Вилијамс го заврши настапот на Австралија опен, уште во 3. коло, откако изненадувачки загуби од кинеската тенисерка, Кианг Ванг со 2-1 (6-4, 6-7 и 7-5).

Последниот натпревар во кариерата го одигра и Каролине Возниацки, која наместо да игра со својата најдобра пријателка, Серена во осминафиналето и таа како и Американката ги спакува куферите, откако загуби од Џабер од Тунис со 2-1 (7-5, 3-6 и 7-5). Пропаста на фаворитките ја надополни и Медисон Кис, која загуби од грчката тенисерка Марија Сакари со идентични 6-4 во двата сета.

Сепак, не беше се така „црно“ за фаворитките. Првата носителка, Ешли Барти без поголеми проблеми обезбеди пласман во осминафиналето, совладувајќи ја Рибакина со 2-0 (6-3 и 6-2), а во осминафиналето замина и минатогодишната финалистка, Петра Квитова, која ја преслуша Александрова со 6-1 и 6-2.

Се вчитува...