Двократниот светски шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја, ја изненади јавноста во овој спорт обелоденувајќи дека е подготвен да си замине од тимот на Дукати.
Бањаја со Дукати стана светски првак во 2022 и во 2023 година, но сезонава се мачи, моментно е седмопласиран во генералниот пласман, што дефинитивно е меѓу главните фактори за ваквата одлука.
„Кога стигнав во Мото ГП со Дукати мислев дека со самото тоа остварив нешто огромно, но ме натераа да верувам во уште поголеми работи. Осум години 31 победа, 63 подиуми, 28 пол-позиции, две титули светски првак и две години вицешампион, тоа е приказната што заедно ја напишавме и што е само наша. Чувствувам потреба за нов предизвик, но никогаш нема да заборавам кој бевме… вие сте дел од мене и засекогаш ќе бидете“, порача Бањаја во писмото објавено на својот профил на инсгаграм.
Неофицијално, планот е Бањаја од 2027 година да се пресели во тимот на Априлија, со кој би имал поголеми шанси да се бори за титулата во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
