Шок во ракометна Полска: Браќата Дујшебаеви си заминуваат од Киелце

Навивачите на Киелце имаат причина за загриженост, буџетот за ракометари од година во година е се помал, а денеска беше најавено дека поранешниот европски првак ќе остане без своите двајца клучни ракометари, браќата Алекс и Даниел Дујшебаев по истекот на нивните договори во јуни 2026 година.

Информацијата ја обелодени нивниот татко, Талант Дујшебаев, кој со години е шеф на стручниот штаб на Киелце и предводник на овој ракометен проект.

Двајцата пристигнаа во клубот во 2017, Алекс од редовите на Вардар, Дани од Атлетико Валјадолид, беа важни адути на Талант, кој сепак е незадоволен што неговите синови биле цел на критики поради семејните врски.

„Долги години слушамм дека Алекс и Дани играат за Киелце само затоа што јас сум им татко. Беа жестото критикувани, најчесто неправедно, но дојде време да се каже збогум, кога договорите ќе им истечат. Верувам дека двајцата ќе немаат никакви проблеми да најдат нов клуб и да продолжат со добри настапи во иднина“, изјави Талант Душебајев.

Се вчитува...