Шок за Арсенал: Хорор-повреда на Дени Велбек (фото)

Навивачите и фудбалерите на Арсенал се во шок по тешката повреда што во првото полувреме од вечерашниот дуел со Спортинг ја заработи Дени Велбек.

Поранешниот англиски репрезентативец настрада при еден дуел, но не од контакт со противникот, туку откако ногата му заглави во теренот. Соиграчите веднаш притрчаа и почнаа да се држат за глава, по што Велбек на носилки, со маска за кислород беше изнесен од теренот, па со болничко возило пренесен во клиника во Лондон.

Засега нема точна информација за што точно станува збор, но повеќе од јасно е дека повредата е многу сериозна.

Се вчитува...