Шок за Атлетико: Лајпциг во трилер-завршница до полуфинале во ЛШ… (ВИДЕО)

Германски Лајпциг приреди вистинско изненадување во четвртфиналето од Лигата на шампионите, триумфирајќи со 2-1 против фаворизираниот Атлетико Мадрид за пласман во полуфиналето и мегдан со францускиот гигант, ПСЖ.

По израмнетото прво полувреме во Лисабон, Лајпциг дојде до предност со голот на Дани Олмо во 51. минута…

Атлетико Мадрид успеа да израмни со голот од пенал на нововлезениот Жоао Феликс, откако истиот играч со одличен продор сам се избори за ударот од белата точка.

Сепак, германскиот тим дојде до посакуваниот триумф и вистинско изненадување по прекрасната акција низ полуконтра и голот на Американецот Тајлер Адамс во 88. минута.

Сето тоа за огромна радост на Германците и закажан полуфинален дуел во Лигата на шампионите со ПСЖ.

Се вчитува...