Тренерот на Барселона, Ханс Флик би можел да си замине од позицијата на крајот од сезоната, пренесуваат неколку шпански медиуми. Според нив, германскиот стручњак веќе се чувствува исцрпено од работата во каталонскиот гигант, и веројатно размислува да не продолжи понатаму.
Договорот на Флик со Барселона е до 2027 година, но веројатно веќе почнал да размислува дали да продолжи работата. Изворите го тврдат ова од луѓе блиски до тренерот, кој минатаат сезона го презеде кормилото, и веднаш му донесе титула во Ла Лига на шпанскиот гигант.
Инаку Флик има „искуство“ со вакво напуштање. Така стори и со Баерн Минхен откако во 2021 година се реши да си замине од кормилото, и да стане селектор на Германија.
Притисоците и тешкотиите на клупата на Барселона неколкупати ги истакнуваа и поранешните тренери на екипата, Пеп Гвардиола, Луис Енрике и Чави, кои беа на чело на овој клуб и постигнаа значајни успеси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

