Шок за „милионерите“: Шлотербек го чека долга пауза?

Борусија Дортмунд на пет кола до крајот на германската Бундеслига, има еден бод предност пред Баерн Минхен. Доколку „милионерите“ ги добијат сите натпревари, тогаш ќе го подигнат шампионскиот пехар после 11 години пауза, колку што трае доминацијата на „Баварците“.

Но, на тој пат го чека тешка задача, особено ако се има во предвид фактот дека најверојатно до крајот на сезоната ќе играат без стоперот Нико Шлотербек. Шлотербек беше неизоставен дел од одбраната на лидерот на табелата, меѓутоа се повреди на последниот меч со Ајнтрахт Франкфурт, кога ја напушти играта во првиот дел.

Според информациите, Шлотербек има потешка повреда, и ќе паузира подолго од очекувањата. Тоа значи дека Борусија остана само само Зиле и Хумелс на стоперските позиции, и младиот Кулибали, кој тешко ќе добие шанса до крајот на сезоната, после „киксовите“ во ремито со Штутгарт.

Се вчитува...