Повеќегодишниот престој на АП Брера во елитното друштво на мак-фудбалот заврши неславно откако струмичкиот тим го загуби денешниот бараж со Скопје со минимални 0-1, што значи и преселба во Втората лига од наредната сезона.
Дуелот беше максимално израмнет, а највозбудливо беше во самата завршница. Најпрвин Ангелов во 86. минута не реализираше пенал за Скопје, но веќе во следниот напад тимот од главниот град се радуваше во Битола, Трајчевски се најде на вистинско место по корнерот од десната страна и со помош на гредата ја смести топката во мрежата.
Брера потоа го заврши мечот и со фудбалер помалку по исклучувањето на Стоилевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
