Шок за Франција: Карабатиќ го пропушта ракометниот Мундијал!

Ракометна Франција е во шок откако утрово беше обелоденето дека Никола Карабатиќ мора да биде опериран и ќе отсуствува подолго време од терените. Извонредниот бек на ПСЖ веќе подолг период се мачи со повреда на скочниот зглоб, а по хируршкиот зафат се предвидува пауза од четири до шест месеци.

Ова практично значи дека „триколорите“ ќе бидат без својот најдобар ракометар на претстојниот Мундијал што во јануари ќе се одржи во Данска и во Германија, на кој Франција ќе ја има улогата на бранител на трофејот.

Самиот Карабатиќ преку твитер-профилот потврди дека утрово врз повредениот зглоб бил извршен хируршки зафат, заблагодарувајќи се на бројните пораки со поддршка.

 

Отсуството на големиот ас е сериозен проблем и за Раул Гонзалес, кој подолго време ќе мора да се снаоѓа без најдобриот ракометар на ПСЖ во обидот да ги искачи „светците“ на врвот на ракометна Европа.

Се вчитува...