Шок за Германија – Месут Озил неизвесен за СП

Германскиот репрезентативец Месут Озил може да го пропушти Светското првенство во Русија, најавува германскиот весник Билд.

Озил се здоби со повреда на пријателскиот натпревар на Германија против Австрија (2-1) која сега го доведува во прашање и неговиот настап на Мундијалот.

Во претходните четири дена, Озил не тренирал со остатокот на репрезентацијата, а лекарите се уште не се сигурни дали тој ќе биде подготвен за СП. Во најдобар случај, Озил ќе го пропушти првиот натпревар против Мексико, а доколку се биде во ред со повредата, тој ќе биде подготвен за дуелите со Шведска и со Јужна Кореја.

Се вчитува...