Хрватската фудбалска федерација ја објави веста што одекна во домашната и германската спортска јавност. Филип Павиќ, шеснаесетгодишниот суперталент на Баерн Минхен, во иднина ќе го носи дресот на хрватската фудбалска репрезентација. Иако е роден во Германија и играл за нивните помлади возрасни групи, дефанзивецот, кој е баран од најголемите клубови, решил да го послуша своето срце и да ги избере „коцкастите“, што наиде на нескриено разочарување во Германија.
Одлуката на Павиќ претставува огромна добивка за хрватскиот фудбал, но подеднакво голема загуба за Германската фудбалска федерација, која полагаше големи надежи во играч кого го сметаат за еден од најперспективните во неговата генерација.
Ова е играч кој веќе испиша историја за баварскиот гигант. Во март оваа година, во натпревар од Лигата на шампионите против Аталанта, Павиќ влезе на само 16 години и 58 дена, што го прави најмладиот играч во историјата на Баерн кој играл во елитното европско натпреварување.
Со тој настап, тој стана и третиот најмлад дебитант во целата историја на Лигата на шампионите, што многу зборува за неговиот потенцијал. Овој разновиден дефанзивец, кој може да игра на позициите централен и десен бек и дефанзивен играч од средниот ред, е роден во Фрајзинг во семејство со хрватски корени, што му овозможи двојно државјанство и, на крајот, избор на Хрватска.
Павиќ со тоа тргна по стапките на Јосип Станишиќ, кој е роден во Германија, играше за младите селекции на оваа земја, а сега настапува за Хрватска.
16-godišnji branič @FCBayern Filip Pavić, najmlađi igrač bavarskog velikana koji je nastupio u Ligi prvaka te ukupno treći najmlađi u povijesti tog elitnog natjecanja, odlučio je na predstojećim međunarodnim natjecanjima predstavljati Hrvatsku! 🇭🇷❤️
🔜 Za Pavića nema formalnih… pic.twitter.com/ropD21wguF
— HNS (@HNS_CFF) May 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
