Шок за Германија: Еден од најголемите таленти се повреди на тренинг и го пропуштa Мундијалот

Младиот 18-годишен фудбалер на Баерн Минхен и на германската репрезентација Ленарт Карл, се повреди за време на тренинг ан својот национален тим, и дефинитивно отпадна за настап на Мундијалот.

Играчот од средниот ред се повреди за време на тренинг во петокот, и беше однесен во болница каде му беа извршени прегледи каде е констатирано дека ќе мора да паузира. Тој требаше да биде еден од адутите на Германија за добар резултат на првенството.

Карл одигра сезонава 26 меча за Баерн Минхен, и постигна пет гола.

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман веднаш реагираше и го повика Асан Уеадраого од Лајпциг.

Се вчитува...