ШОК ЗА МАКЕДОНИЈА: Горан Пандев не го издржа загревањето до крај, се повлече во соблекувална! (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Шок за националниот тим на само 25 минути пред стартот на натпреварот со Украина. Капитенот Горан Пандев не го издржа загревањето до крај, па предвреме се повлече во соблекувалната на националната арена во Букурешт.

Со гримаси на лицето Пандев загрижен истрча кон соблекувалната пред да заврши комплетното загревање, а по него и селекторот Игор Ангеловски. Капитенот за време на вчерашниот тренинг се пожалил на болки во зглобот, повреда која ја влече од претходно, па беше и неизвесно дали ќе стартува на денешниот натпревар.

Очекувањата се дека ќе собере сили и сепак ќе се појави, согласно планираното, во стартниот состав на Игор Ангеловски.

 

Се вчитува...