Шок за младиот фудбалер на Барселона: Не оди на Мундијалот поради лош однос

Сонот на секој фудбалер кој настапува за својот национален тим е да игра на Светско првенство. Понекогаш тој сон може да биде срушен и тоа не поради она што се покажува на теренот, туку надвор од него, односно поради карактерот и односот.

Таков е случајот со младиот играч на Барселона, Рони Бардагџи. Тој нема да игра на Мундијалот за својата Шведска поради тоа што имал – проблематичен карактер.

Шокантната одлука шведскиот селектор Грем Потер ја донел поради лошо однесување на крилниот играч.

Бардагџи беше вклучен за бараж натпреварите во март кога Шведска обезбеди пласман на СП. Меѓутоа не доби шанса да игра, а потоа барал образложение зошто не игра. Одговорено му е дека е исклучиво одлука на селекторот.

Ситуацијата дополнително се влошила на прославата на пласманот на Мундијалот, кога играчот на Барса бил отсечен и лошо расположен. Англискиот стручњак смета дека Швеѓанецот покажал себичен карактер, а тоа го чинеше изоставување од списокот за патници на најдобриот светски собир.

Се вчитува...