Шок за младите Шпанци: Јерај пак има тумор на тестисите

Членовите на младинската репрезентација на Шпанија се во шок откако денеска беше обелоденето дека дефанзивецот Јерај Алварез мора да се врати во татковината откако било утврдено дека тој се уште има проблеми со тумор на тестисите. Младиот дефанзивец на Атлетик Билбао за првпат се соочи со овој проблем во декември 2016, поради што беше опери ран на 27 декември, по што паузираше неколку месеци од терените. Сепак, резултатите од последните тестови направени пред тргнувањето за Полска покажале дека се уште постои „аномалија“ во организмот на фудбалерот, поради што тој повторно ќе мора да оди на хемотерапија.

За жал, Јерај Алварез повторно ќе мора да отсуствува од фудбалските терени поради обновувањето на неговата болест. Тој за неколку дена ќе почне со нива серија на хемотераписки третмани, а паузата од терените ќе изнесува најмалку три месеци“ – соопштија од неговиот клуб Атлетик Билбао.

Шпанија ќе биде прв противник на Македонија на претстојното Европско Првенство за млади играчи во Полска, а членовите на „црвената фурија“ ќе треба што поскоро да се опорават од големиот шок поради болеста на репрезентативниот колега, за максимално фокусирани да влезат во мечот со македонската селекција што ќе се игра в сабота.

Се вчитува...