Ѕвездата на Наполи, Скот Мектоминеј, во наредните неколку недели ќе отсуствува од фудбалските терени бидејќи мора да оди на операција на срцето.
Од тимот соопштија дека на шкотскиот репрезентативец му е откриено дека има мала бенигна аритмија, односно неправилности при работата на срцето, кои мора да бидат решени со оперативен зафат.
Проблемот е откриен по поразот на Наполи до Комо (1:2) во неделата, кога фудбалерот мораше да биде заменет во текот на мечот. Деталните лекарски прегледи откриле неправилности во работата на срцето на Мектоминеј.
Поради операцијата, Мектоминеј ќе ги пропушти натпреварите на Наполи и на Шкотската репрезентација овој месец, меѓу кои се дуелите со Арсенал во Лигата на шампионите како и со Интер во Серија А.
Неговото враќање на терените се очекува да биде на 10 октомври кога Наполи во рамки на Серија А ќе игра против Фросиноне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
