Бразилската ѕвезда во Реал Мадрид, Винисиус одлучи да ги прекине сите преговори со Реал Мадрид за нов договор. Со тоа Бразилецот се чини е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, откако шпанските медиуми пишуваат дека бразилскиот ас бара повеќе пари за да потпише нова соработка.
„Кралевите“ му нудат на Вини само мало зголемување на платата, околу 20 милиони евра годишно, додека Бразилецот сака многу повеќе. Тој и неговите менаџери бараат да се изедначи со Килијан Мбапе, кој заработува нешто повеќе од 30 милиони годишно, што е одбиено од страна на Реал.
Оваа одлука е на сила до завршување на Светското првенство 2026 година, а потоа ќе има нови преговори за договор.
„Винисиус Жуниор нема да преговара со Реал Мадрид за нов договор сè до по завршувањето на Светското првенство“, објави ESPN Brasil.
Во последно време односите меѓу играчот и клубот не е се сјајни, особено после „Ел Класико“ кога фудбалерот со гестикулации покажа незадоволство поради тоа што порано беше сменет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

