„Шок“ за Шкупи: Тешка повреда на Рватубјаје, паузира осум месеци!

На шријателскиот натпревар со Сумгаит одигран во Анталија, Шкупи доживеа голем пех. Им се повреди главниот стопер Абдул Рватубјаје, односно ја скина тетивата со што веднаш замина на операција во Истанбул.

Првите прогнози се дека поради оваа повреда, стоперот ќе биде надвор од терените 7-8 месеци.

Шкупи му посака побрзо оздравување, и веројатно ќе бара нов стопер кој ќе го замени, во битката за титулата во ПМФЛ.

Се вчитува...