Шок за Сити: Монако води 2-0 по триесет минути игра

Монако фантастично го стартуваше реваншот со Манчестер сити, па „кнезовите“ по триесет минути игра имаат водство од 2-0, резултат што ги води во четвртфиналето од ЛШ.

Лидерот на француското првенство не само што целосно ги неутрализираше „граѓаните“ при нивните напади, туку и трпеливо чекаше да создаде шанси што потоа беспрекорно ги реализираше. Мбапе уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите млади голгетери во светот откако се најде на вистинско место во вистинско време, па од пет метри беше прецизен и донесе водство на Монако. Мбапе учествуваше и во акцијата при вториот кога по неговата акција, Лемар го исфрли Менди по левата страна, овој нафрли ниско по земја кон срцето на шеснаесетник, а на вистинското место се најде Фабињо за водство од 2-0 на „кнезовите“.

1-0 Kylian Mbappe GREAT Goal HD – AS Monaco vs… by gentsogojevaFabinho Goal HD – Monaco 2-0 Manchester City… by jackeddine

Се вчитува...