Шок за Србија: Пешиќ пресече – без Теодосиќ на Евробаскет

Српскиот селектор Светислав Пешиќ ја шокираше спортската јавност кај северниот сосед откако реши од списокот за претстојниот Евробаскет да го прешкрта името на Милош Теодосиќ. Искусниот плејмејкер со години наназад е меѓу лидерите на националниот тим, но Пешиќ реши да не смета на неговите услуги на претстојнот европски шампионат што стартува на 1 септември.

Асот на Виртус Болоња се појави од стартот на подготовките, но Пешиќ реши да не го вклучи во составот за контролните средби со Грција и Турција, кои ќе бидат загревање за Евробаскет. Според српските медиуми, на Теодосиќ веќе ми е соопштена одлуката дека тој нема да го носи репрезентативниот дрес на овој европски шампионат.

Теодосиќ цели 15 години го носи репрезентативниот дрес, откако дебитираше во 2007 под водство на Зоран Славниќ, а досега големите натпреварувања ги пропушташе само доколку беше повреден (Евробаскет 2013 и Евробаскет 2017).

Се вчитува...