Шок за Црна Гора и за Србија на стартот од евро-квалификациите

Новиот квалификациски циклус за ЕП 2020 донесе големи изненадувања уште на самиот почеток, откако Црна Гора не успеа да стигне до триумф на домашен терен против аутсајдерот Фарски острови, ремизирајќи 24-24. Црногорците одиграа катастрофално прво полувреме во кое гостите имаа и предност од 9-15. Потоа следеше пресврт, водство на домашната селекција од „плус три“, за во последните минути да се влезе во неизвесна завршница и Црна Гора да се доведе во ситуација да спасува бод сo погодок на четири секунди до крајот.

Очаен старт на овој квалификациски циклус имаше и Србија, откако нашиот северен сосед ремизираше 27-27 во Зрењанин против Белгија. Ненад Перуничиќ имаше очајно селекторско деби откако „орлите“ се спасуваа од „минус два“ во самиот финиш и едвај избегнаа пораз.

Полска го декласираше Косово со 37-13, Германија беше подобра од Израел со 37-21, додека Русија лесно ја совлада Италија со 34-30.

Се вчитува...