Возачот на Алпина, Пјер Гасли, направи големо изненадување и ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Италија во Монца.
Французинот го извози најбрзиот круг во последниот дел од квалификациите за 1:21.786 и со тоа стигна до првата пол-позиција во својата кариера во Формула 1.
Гасли го надмина Џорџ Расел од Мерцедес за само 60 илјадити делови, додека третото место го освои возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој заостануваше 0,180 секунди.
Квалификациите донесоа големо разочарување за Ферари. Италијанскиот тим пристигна на домашната трка со големи подобрувања и високи амбиции, но неговите возачи не успеаја да се приклучат во борбата за пол-позиција.
UNBELIEVABLE!!!
PIERRE GASLY TAKES POLE AT MONZA!!!!#F1 #ItalianGP pic.twitter.com/RKkJHyEemf
— Formula 1 (@F1) September 5, 2026
Шарл Леклер и Луис Хамилтон едвај стигнаа до последниот дел од квалификациите, бидејќи завршија деветти и десетти до Q2. Потоа го подобрија својот впечаток, но не доволно за да ги израдуваат домашните фанови – Леклер заврши четврти, а Хамилтон петти.
Макс Верстапен го освои шестото место, додека лидерот во генералниот пласман Кими Антонели беше седми. Сепак, поради казната за промена на компонентите на погонската единица, Италијанецот ќе стартува одзади, без оглед на постигнатиот резултат во квалификациите.
Меѓу првите десет се пласираа и Франко Колапинто, Ландо Норис и Лиам Лосон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
