Шокантен пораз на Реал за само пет минути во Севилја… (видео)

Реал Мадрид доживеа шокантен пораз во дербито на 18. коло од шпанската Примера. „Кралевите“ загубија со 2-1 на гостувањето против Севилја, во натпревар во кој домашните дојдоа до триумфот со пресврт во последните пет минути…Со ова дојде крај и на неверојатната серија на „кралевите“ без пораз која траеше 40 натпревари.

„Кралевите“ имаа предност по голот од пенал на Роналдо во 67. минута…

Cristiano Ronaldo Penalty Goal HD – Sevilla 0-1… by euro-goal-tv

Но, тоа не се покажа доволно за освојување на трите бода. Напротив, со автоголот на Серхио Рамос во 85. минута, Севилја дојде до израмнување, а потоа во 92. минута Јоветиќ ја донесе конечната победа на Севилја.

Sergio Ramos Own Goal HD Sevilla 1 1 Real… by HdGoalStevan Jovetic Goal HD – Sevilla 2-1 Real… by Live1Goals

По овој пораз Реал Мадрид остана со 40 бода, и натаму на врвот од табелата, но само со еден бод повеќе од Севилја. На третата позиција е Барселона со 38 бода.

Се вчитува...