Ја однесе репрезентацијата на ЕВРО 2024, па си замина од селекторското место

Репрезентацијата на Чешка со победата над Молдавија, успеа да се пласира на Европското првенство 2024 година во Германија. Чесите на крајот го освоија второто место зад селекцијата на Албанија, но изненадувачки е тоа што нивниот селектор Јарослав Шилхави се реши да си поднесе оставка, и да не ја води селекцијата на собирот на најдобрите европски репрезентации.

Чешка во група со Албанија, Полска, Молдавија и Фарски Острови освои 15 бодови, исто колку и Албанија, но на крајот успеа да се пласира на ЕВРО 2024 со четири победи, три ремија и еден пораз. Чесите загубија од Молдавија, одиграа нерешено со Полска, Албанија и Молдавија, а победија против Полска, Фарски  Острови два пати и против Молдавија.

„И покрај тоа што сме среќни после пласманот на ЕП 2024 година, ние како стручен штаб одлучивме да не продолжиме со работа во репрезентацијата на Чешка. Веќе ги информирав луѓето од федерацијата. Притисокот беше преголем, иако не го разбирав. Тоа придонесе за нашата одлука“, изјави Шилхави веднаш по натпреварот со Молдавија.

Оваа најава доаѓа сосема неочекувано, со оглед дека федерацијата му подготвувала нов договор, кој му истекувал по крајот на квалификациите. Меѓутоа веројатно федерацијата задоцнила со новата соработка за селекторот. Претходно позицијата му била загрозена по поразот од Албанија од 3-0, но на крајот му била укажана доверба, и потоа ја однесе селекцијата до ЕВРО.

Се вчитува...