Шокантна одлука на газдата на ФЦСБ: Во тимот повеќе ќе играат невакцинирани

Џиџи Бекали, газдата на Стеауа, најави дека во тимот ќе играат само оние кои одбиле да се вакцинираат против коронавирусот, а вакцинираните само ќе имаат повремена минутажа.

Бекали е познат по тоа што воведува необични правила, а оваа одлука вво голема мера за Романците е шокантна. Шефот на вицешампионот вели дека ќе играат само оние кои одбиле имуниација.

Бекали тврди дека вакцината ги убива луѓето. Тој смета дека имунизацијата мора да се стекне природно. Но, демантираше дека во неговиот тим нема да играат оние кои се вакцинирани.

„Не е точно дека не вклучувам невакцинирани играчи. Вакцинирани се Крету, Виницус, Танасе. Немам врска со нив, не ги терам, но го кажувам само моето мислење. Нивен проблем е после тоа“, вели Бекали.

Се вчитува...