Шокантни вести од Хрватска: Атентат на Здравко Мамиќ!

Шокантни вести од Хрватска. Претпладнево е извршен атентат на Здравко Мамиќ, како што пренесуваат хрватските медиуми.

Непознат напаѓач во претпладневните часови во местото Зидине кај Томиславград пукал на првиот човек на Динамо Загреб, кој е ранет во пределот на долните екстремитети, а прва помош му е пружена во клиничкиот центар во Томиславград.

Според последните информации, напаѓачот веднаш побегнал, а наводно пукал кон Мамиќ во време додека овој бил на гробот на својот татко на кого му одбележувале годишница од смрта.

Од Клиничкиот центар во Томиславград потврдуваат дека е примен Мамиќ со прострелна рана во десната натколеница, и е надвор од животна опасност.

По настанот експресно со соопштение се огласија и од Динамо Загреб:

„Згрозени сме од обидот за убиство на советникот на клубот, Здравко Мамиќ на кого се испалени неколку куршуми со што се здоби со тешки телесни повреди. Мамиќ беше во приватна посета на Томиславград, каде секоја година се одржува помен од смртта на неговиот татко. Очигледно е дека сето тоа е добро испланирано, како продолжение на нападите кон господинот Мамиќ од 2014 година. Застрашувачки е што ваков обид за ликвидација се случува во модерно општество. Потсетуваме дека прв пат беше нападнат во 2014 година во ложата на стадионот ‘Пољуд’ а потоа следеше напад и пред судот во Сплит. И што направи државата по сето тоа? Ништо. Дали некој конечно ќе одговара за загрозување на животот на Здравко Мамиќ или и овој пат сето ќе се сведе на нарушување на јавен ред и мир од непознат сторител? Дали повторно ќе видиме отсуство на реакција од политка, судови, медиуми, осуда од јавноста? За жал се плашиме од одговорот на тоа прашање. Затоа што за ова што се случи одговорни се сите, политиката, поединецот, општеството и конечно време е надлежните институции да реагираат. По последниот напад кој ова лето се случи на Бол и неосудувањето на тој чин, стравувавме дека неделувањето на јавноста, медиумите и политиката ќе биде само поттикнување на омраза, физички напад и конечно, на напад со оружје. За жал, нашите стравови се покажаа точни. Се срамиме од општеството во кое живееме“ – се вели во соопштението од Динамо Загреб.

Се вчитува...