Шокантни вести за здравјето на Михајловиќ: „Во Божји раце е, можеби ќе живее само уште 10 дена, а можеби 30 години“

Шокантни вести за здравјето на една од најголемите балкански фудбалски легенди, Синиша Михајловиќ кој веќе три години се бори со леукемијата.

Изминативе денови се ширеа најразлични информации за неговата состојба, за да сега близок пријател на Михајловиќ во изјава за српски „Спортал“ потврдува дека е во загрижувачка ситуација, но сите се надеваат дека со помош на Бога ќе успее да ја надмине и оваа ситуација.

„Да, Синиша е сега во Божји раце. Свесен е и буден и не во кома како што некои објавуваат, ниту пак бил во кома. Но, самиот знае дека може да живее уште 10 дена, а може да живее и 30 години. Таква е болеста и затоа е свесен и тој и целото негово семејство. Сите се молиме на Бога. Тешко му е затоа што не може да го гледа семејството во таква состојба покрај себе, тој и во едни вакви моменти мисли само на семејството и не сака да ја чувствуваат тежината“ – вели пријателот на Михајловиќ.

Михајловиќ од пред три години се бори со леукемијата после рутински прегледи откако бил неколку дена болен мислејќи дека е грип или настинка, по што веќе успеа да ја победи болеста, му беше трансплантирана коскева срцевина, но брзо потоа болеста пак се врати и од март оваа година повторно е подложен на терапии.

Се вчитува...