Се наближуваат 12 години од несреќата во која поранешниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер задоби тешки повреди на скијање на француските Алпи. Од несреќата па се до денеска, малку се знае за неговата состојба, особено што неговото семејство ги чуваат информациите околу екс возачот на Ферари.
Поранешниот директор на операции на Ред Бул, и извршен директор на Мекларен Ричард Хопкинс, откри дека праксата да не се откриваат никакви информации за ситуацијата со Шумахер, ќе продолжи и во иднина.
„Не сум слушнал ништо за него во последно време. Колку што разбирам, тој има негов личен доктор од Финска. Не мислам дека повторно ќе го видиме Михаел. Малку ми е незгодно да зборувам за него, затоа што неговото семејство го чува во тајност, и тоа ми е разбирливо. Можам да имам мислење, иако не сум дел од потесниот круг на луѓе. Не сум Жан Тод или Рос Браун кои го посетуваат Михаел. Верувам дека оние кои го посетуваат, нема да откријат ништо. Тоа е она што семејството го смета како исправно, и треба да се почитува“, рече Хопкинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

