Шокатна вест: Почина дечкото на Арина Сабаленка!

Поранешниот белоруски хокеар, Константин Колцов ненадејно почина на 43-годишна возраст. Поранешниот играч во НХЛ лигата, кој во текот на кариерата играше за Питсбург Пингвинс, се пензионираше во 2016 година, а неговата смрт ја потврди Салават Јулаев, клубот во кој беше тренер.

„Со длабоко жалење ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Тој беше силна и весела личност, сакана и почитувана од играчите, соиграчите и навивачите“, се вели во соопштението.

Покрај тоа што смртта го потресе хокеарскиот свет, го потресе и тенискиот бидејќи Колцов беше во врска со Арина Сабаленка, која моментално е втора тенисерка на ВТА ранг-листата, а неодамна стигна до титулата на Австралија опен.

Се вчитува...