Шортс пред потпис со Хапоел Тел Авив

Кошаркарот на Панатинаикос, Ти Џеј Шортс, е пред трансфер во Хапоел Тел Авив.

Израел Хајом тврди дека Хапоел сака да го доведе Шортс бидејќи верува дека плејмејкерот на Валенсија, Џан Монтеро, нема да му биде достапен. Репрезентативецот на Доминиканската Република е член на идеалната петорка на Евролигата, како и МВП на четвртфиналето од плејофот.

22-годишникот веќе ја изрази својата желба да оди во НБА. Медиумите шпекулираа дека би можел да оди на колеџ, како и дека има клаузула од еден и пол милион евра.

Шортс го има истиот агент што го застапува главниот тренер на Хапоел, Димитрис Итудис, првиот асистент Стефанос Дадас, дефанзивецот Антонио Блејкни, центарот Ден Отуру и крилото Колин Малколм.

Иако има важечки договор со грчкиот клуб до летото 2027 година, големото прашање е дали Шортс ќе остане во Атина по турбулентната сезона и нарушените односи со тренерот Ергин Атаман.

Се вчитува...