Шортс: Против Партизан беше погласно, отколку на мечот со Ц. Звезда

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс говореше за српските медиуми по мечот кој неговиот Париз го загуби од Партизан во Евролигата.

Тој ја коментираше атмосферата на натпреварите против „вечните“, велејќи дека на мечот со Партизан било малку погласно, отколку на тој со Црвена звезда.

„Тешко е да се каже, беше малку погласно против Партизан, но и двете атмосфери се луди, љубовта на навивачите е огромна и таквата поддршка е всушност вистински домашен терен. Тешко е да се одлучи кои навивачи се подобри“, изјави Шортс.

Се вчитува...