Шортс раскина со ПАО, веднаш оди во новиот клуб

Ти-Џеј Шортс повеќе не е дел од Панатинаикос откако грчкиот тим ја официјализираше разделбата од македонскиот репрезентативец кој не ги оправда очекувањата по мегатрансферот од Париз минатото лето.

Тој не доби шанса каква што заслужуваше од Ергин Атаман, малата минутажа му се одрази на самодовербата, па само на мал дел од натпреварите покажа позначаен делод потенцијалот што го поседува. ПАО во меѓувреме го смени тренерот Атаман, но неговиот наследник Обрадовиќ јасно стави до знаење дека Шортс не е меѓу играчите што му се неопходни,  па разделбата беше официјално потврдена попладнево.

„Ти благодариме, Ти Џер Шортс. Што стави срце на терен и го направи секој момент посебен. Ти посакуваме се најдобро во следното поглавје“, пишуваше во пораката на ПАО до Американецот со македонски пассош.

Веќе е договорено, следна дестинација на Шортс ќе биде евролигашот Валенсија, кој ќе го официјализира трансферот на плејмејкерот по завршувањето на финалната серија во шпанскиот шампионат против Барселона (Валенсија моментно има предност од 2-1 во победи).

Се вчитува...